Интер контактирал со агентите на поранешниот напаѓач на Јувентус Пауло Дибала, пренесува „Скај Спортс Италија“. Според истите, сличен потег направиле и скаути на Рома, па сега Аргентинецот избира меѓу двата клуба.
Интер се врати во битката за играчот од средниот ред откако постигна договор со Челзи за позајмица на Ромелу Лукаку. Пауло ќе потпише договор со миланскиот клуб до 2026 година. Неговата плата во Интер ќе биде околу 8 милиони евра годишно, вклучувајќи ги и бонусите. Аргентинецот наскоро ќе оди на лекарски преглед.
Да потсетиме дека Дибала се пресели во Јувентус од Палермо во летото 2015 година. Неговата кариера во таборот на „бјанконерите“ се покажа променлива. Аргентинецот често беше со повреди, играше нестабилно, иако даде многу за својот клуб. Минатата сезона, напаѓачот забележа 38 настапи за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и шест асистенции, а ова лето си замина од клубот со статус на слободен играч.

