Пауло Дибала испадна од комбинација во составот на Аргентина за натпреварот против Бразил, објави „Sky Sport Italy“.
Напаѓачот на Јувентус има повреда на мускулот и вечерва нема да биде достапен за клучниот меч со Бразил. Аргентинецот, кој вчера наполни 28 години, ќе се врати во Торино и медицинскиот штаб на Јувентус ќе одлучи дали играчот ќе биде во составот на својата екипа за првенствениот натпревар со Лацио во текот на викендот.
Дибала беше стартер за Аргентина во победата од 1:0 против Уругвај минатата недела и асистираше за голот на Анхел Ди Марија, но беше заменет на паузата поради повреда.