Една од големите ѕвезди на Јувентус, Пауло Дибала, влезе во клубот 100 затоа што веќе има 100 натпревари во Серија „А“ во дресот на екипат ана Јувентус.
Аргентинскиот фудбалер е само седмиот фудбалер од Јужна Америка со такви статистики за тимот на Торино.
24-годишниот фудбалер има постигнато 52 гола за „старата дама” и 22 асистенции, а притоа е освојувач на три титули во Серија А, три трофеја во купот на Италија и еден Супер-куп.
Десетката на Јувентус исто така беше двапати дел од идеалниот тим на сезоната во Италија.