Познат е приближниот тајминг за закрепнување на 18-годишниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати , кој заработи повреда на менискусот на левото колено на мечот од 9. коло на Шпанското првенство со Бетис (5:2).
Како што објави весникот „АС“, времето може да варира. Ако менискусот може да се санира, заздравувањето ќе трае три до четири месеци. Другата опција е да се отстрани искинатиот менискус, тогаш времето на опоравување ќе биде значително скратено (околу два месеци), но во иднина ова може да доведе до дегенеративни проблеми со ‘рскавицата. Во секој случај, Ансу Фати ќе го има последниот збор.
За првиот тим на Барселона, Ансу Фати игра од 2019 година. Тој постигна четири гола на седум натпревари за Барселона во сезоната 2020/2021. Актуелниот договор на Фати со каталонскиот клуб е до 2022 година.

