Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Павар го пропушта дербито со Борусија Дортмунд
    Фудбал

    Павар го пропушта дербито со Борусија Дортмунд

    risteBy riste07/11/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенжамин Павар ќе го пропушти централниот натпревар од седмото коло на германскиот шампионат со Борусија Дортмунд, објави „Спорт Билд“.

    Причината е повредата, чија природа е непозната. Првично, тренерот на Баерн Ханзи Флик изјави дека има можност за учество на Павар во натпреварот, но синоќа стана познато дека играчот не заминал за Дортмунд. Освен Павар, во на оваа средба ќеги нема дефанзивците Никлас Зуле и Алфонсо Дејвис.

    Бенжамин Павар се приклучи на Баерн Минхен од друг германски клуб, Штутгарт во 2019 година. Како дел од тимот од Минхен, Французинот ја освои шампионската титула, Купот на Германија и Суперкупот, како и Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА. Покрај тоа, Павар е светски шампион со репрезентацијата на Франција.

    Натпреварот на „Сигнал Идуна Парк“ се игра вечерва од 18.30 часот, а во овој натпревар двете екипи влегуваат со освоени 15 бода и се на водечките две места на табелата, со тоа што Баерн е прв поради подобрата гол разлика.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.