Светскиот шампион Франција в сабота ќе излезе на мегдан со Англија во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.
Помошниот тренер на „триколорите“, Стефан Гај, вели дека Бенџамин Павард, може да го пропушти и тој меч откако беше на удар на јавноста поради грешката на дуелот со Австралија.
Гај додаде дека разговарал со Павар, кој бил видно разочаран но, ја мирно ја прифатил одлуката на стручниот штаб. Селекторот, Дидие Дешамп, изјави дека настапот на Павар на дуелот со „кенгурите“ не бил добар од ниту еден аспект.