Дефанзивецот на Штутгарт, Бенжамин Павар, ги негираше гласините дека веќе има постигнато договор за трансфер во екипата на Баерн (М). Претходно медиумите објавија дека францускиот дефанзивец се согласил на договор со Баерн уште за време на Светското првенство во Русија.
22-годишниот дефанзивец според најавите требаше да замине во Минхен на крајот на сезоната за сума од околу 35 милиони евра.
„Јас не сум потпишал ништо со Баерн. Тоа е само новинарска шпекулација“, изјавил Павар за француски „Л’Екип“.