Светскиот шампион со Франција Бенџамин Павар го даде својот прв коментар како фудбалер на баварскиот гигант Баерн Минхен. Тој ќе го носи дресот со број 5, кој го носеше Матс Хумелс кој се врати во Борусија Дортмунд.
„За мене, ситуацијата беше, Баерн Минхен или ништо. Кога размислувам за Баерн, за мене ова е најдобриот тим во Германија, а зошто не и во целиот свет” истакна Павар.
Овој играч доаѓа од Штутгарт во Баерн Минхен, а беше поврзуван со Барселона и Наполи. Баварците платиле 35 милиони евра за неговите права, а Бенџамин Павар подеднакво добро игра како централен дефанзивец и десен одбрандбен играч.
23-годишниот Павар има искуство на германски терен, бидејќи тој беше дел од Штутгарт од 2016 година. Тој има 61 натпревар во Бундеслигата, во кој постигна еден гол.