Фудбалерот, Бенџамин Павард, има само ласкави зборови за неговиот колега од репрезентацијата на Франција , Килијан Мбапе.
„Тој e лидер на теренот и надвор од него. Тој е одличен капитен и одлична личност. Сигурен сум дека ќе има фантастично Европско првенство“ – потенцирал Павар за медиумите во неговата татковина.
Првата ѕвезда на „триколорите“, Мбапе, имаше мала повреда на коленото но, според најавите, ќе може да игра на Евро 2024 .