Екипите на Барселона и Реал Мадрид не кријат дека се заинтересирани за фудбалерот на Баерн Минхен, Бенџамин Павард, кој неодамна најави, дека размислува да ја промени средината.
26-годишниот играч и во текот не летото сакаше да си замине од германскиот состав, но, челниците не му дозволија.
Сега ситуацијата е променета што значи дека Французинот ќе биде ставен на трансфер листата уште во јануари.