Одбранбениот фудбалер на германскиот состав Баерн Минхен, Бенџамин Павард, призна дека одбил неколку понуди во текот на летниот трансфер период
. Не е тајна дека за неговите услуги беа заинтересирани гиганти од Англија, Франција Италија и Шпанија, но, тој се определи да остане на – „Алијанц Арена“.
„Имав контакти со различни клубови. Можеби еден ден ќе одам во некој од нив. Сега добив уверување од тренерот дека сум дел од неговите планови” – потенцираше Французинот.