Нашиот каратист, Емил Павлов, не успеа да остане во трката за медал на Вторите Европски Игри во Минск во Белорусија откако го освои третото место во неговата квалификациска група.
Павлов во категоријата до 60 килограми кумите, започна со нерешен резултат против Анџело Кресчензо од Италија потоа загуби од Фирдов Ферзалиев од Азербејџан со прегласување на судиите додека во последното коло победи против Белорусинот, Булатав.
На крајот Кресченцо и Ферзалиев продолжија во полу-финалето додека Павлов остана на третата позиција во групата „Б“.