Нашиот каратист Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи откако загуби во финалето во категоријата до 67 килограми од Французинот, Стивен Дакост, на поени со 8-0.
Павлов го оствари најголемиот успех за Македонија на светските првенства и го надмина резултатот на Жарко Ристовски кој во 2010 година на СП во Белград го освои бронзениот медал.
Павлов на двете европски титули во Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година, сега го придодаде среброто од светските првенства. Тој двапати го освојуваше бронзениот медал во Монпелје 2016 и Гвадалахара во 2019.