Барселона повторно ќе остане без двајца од своите најважни играчи за уште едно дерби со Реал Мадрид оваа сезона. Според шпанските медиуми, клубот избрзал со враќањето на Педри, кој ги продолжи тренинзите и се очекуваше да игра на „Ел Калсико“ минатиот викенд.
Сепак, повреда мускулот на шпанскиот репрезентативец се врати два дена пред натпреварот на „Камп Ноу“, а денес се појавија информации дека ќе треба да се опоравува уште три или четири недели, што значи дека нема да му биде на располагање на Чави Ернандез за полуфиналето на Купот на Кралот.
Реваншот на 5 април исто така ќе го пропушти Осман Дембеле, кој веројатно нема да може да се опорави навреме за овој натпревар. Веројатно во нивно отсуство Чави Ернандез повторно ќе смета на Серхи Роберто и Рафиња, како минатата недела.