Шпанскиот играч од средниот ред Педри заработи повреда на четвртфиналниот натпревар на ЕП 2024 против Германија и ќе го пропушти остатокот од турнирот.
Репрезентативецот на Барселона го истегна левото колено по сударот со Тони Крос на почетокот на средбата.
Иако повредата ќе го оддалечи Педри од терените во период од 2 до 6 недели, фудбалерот најави дека ќе остане со соиграчите во Германија до крајот на ЕП.
„Дојдов во Германија за ЕП 2024 и ќе останам тука до крај бидејќи сонот, без сомнение, продолжува. Оваа недела е време да се охрабриме и да продолжиме понатаму. Ова е фудбал и се случуваат вакви работи. Сакам да кажам само уште една работа – напред, Шпанија!“, изјавил Педри.