Играчот од средниот ред Педри потпиша нов договор со шпанска Барселона. Ова го објави официјалниот сајт на клубот.
Се истакнува дека новиот договор на Педри со Барселона е до 2030 година.
„Барселона и играчот Педро Гонзалес (Педри) се договорија да го продолжат неговиот договор и тој ќе остане во клубот до 30 јуни 2030 година. Играчот од средниот ред денеска го потпиша својот нов договор во присуство на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте и спортскиот директор на клубот Деко“, се вели во соопштението на клубот.
Во тековната сезона од шпанското првенство, 22-годишниот Педри одигра 20 натпревари на кои постигна четири гола и даде две асистенции. Има и осум натпревари и две асистенции во Лигата на шампионите.

