По убедливата победа против Валенсија, тимот на Барселона вчера ги продолжи подготовките за следните натпревари.
Играчот од средниот ред Педри продолжи со тренинзите и се појави на вчерашниот тренинг. Потсетуваме дека тој не учествуваше на натпреварот поради болест. Играчот за врска на Каталонците веќе се опорави од болеста и ќе може да игра оваа среда против Аталанта, во последниот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионите.
На овој тренинг учествуваше и Дани Олмо, кој се уште се опоравува од повредата на мускулот и голема е веројатноста дека нема да биде во составот за пресметката со Аталанта.

