Англискиот премиерлигаш Челзи утрово потврди дека го продолжи договорот со шпанскиот интернационалец Педро Родригез. Според клупското соопштение, Педро останува во Лондон уште една година.
Педро се пресели во Челзи летото 2015 година и досега одигра 131 меч за „сините“. Во досегашната кариера во дресот на Челзи постигна 28 гола, а во листат ана стрелци се запиша и за време на годинешните подготвителни средби против перт Глори и Интер.