Фудбалерите на Шкендија ја завршија сезоната во домашни рамки со двојна круна откако денеска во финалето на Купот славеа против Пелистер со сигурни 3 спрема 0.
На стадионот „Младост“ во Струмица под исклучително тешки услови по обилниот дожд, тетовци ги искористија шансите и само го потврдија квалитетот. Головите беа дело на Муслиу во 20 и 72 минута и на Ибраими во 52 минута.
Шкендија по втор пат го освои Куп пехарот со што се изедначи со пелистерци кои не успеаа да го одбранат од минатата сезона.