Фудбалерите на Манчестер Сити ја покорија Европа. Тие вечерва во финалето на Лигата на шампионите го совладаа минимално италијанскиот Интер со 1-0 со голот на Родри постигнат во 68 минута.
На стадионот – „Ататурк“ во Истанбул, Шпанецот испрати прецизен удар за голема радост на „граѓаните“ и за тренерот, Пеп Гвардиола, кој конечно го добива трофејот како предводник на англичаните.
До крајот на мечот двата тима уште неколку добри шанси но, резултатот не се промени.