Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во домашниот шампионат откако во решавачкиот меч забележаа победа на гостувањето кај Вардар со 32 спрема 30.
Во преполниот СЦ Јане Сандански, во прекрасен амбиент достоен за дерби, победникот беше решен во последните секунди кога Манасков реализираше удар од седум метри за плус два што се покажа доволно за пехарот да замине во Битола. Претходно гледавме изедначена игра на двете страни и одлично судење на нашите најдобри интернационалци, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Кај Вардар се издвоија Борозан со 8 голови и Срдановиќ со седум додека во победничкиот состав Кузмановски постигна 7 а Пешевски и Тајник по пет. На крајот на шампионатот Еурофарм Пелистер го обезбеди врвот со два бода предност пред „црвено-црните“. Алкалоид заврши на третото место а Охрид е четврти.

