Гимназијата – „Никола Карев“, го освои златниот медал на премиерното издание на Европското првенство во кошарка за средни училишта што денеска заврши во Скопје.

Македонскиот претставник успеа во финалето да слави против Нимбург од Чешка со 99 спрема 95. Наградата за најкорисен играч – МВП, заврши во рацете на нашиот кошаркар Ангел Стојанов.

На Европското првенство за средни училишта учествуваа претставниците од Србија, БИХ, Република Српска, Црна Гора и Франција во машка и женска конкуренција. Шампионатот беше реализиран со поддршка на Федерацијата за училишен спорт, Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.