Фудбалерите на Македонија ЃП го одбранија пехарот во Купот откако на пенали со 2-0 или со вкупни 3-1 го совладаа составот на Струга Трим Лум на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Мечот во регуларниот дел и продолженијата заврши 1-1 откако Македонија ЃП поведе од пенал со голот на Филип Мишевски во 28.минута а стружани изедначија со погодокот на Фатјон Јусуфи во 77.минута.
Во пенал-рулетот Таири и Мишевски не погодија во почетокот а потоа Радевски ја погоди пречката. Личина успеа да го совлада Ќосевски а Незири повторно ја погоди пречката. Филип Алексовски не реализираше а Стевковски го одбрани шутот на Шабани. Решавачкиот момент беше голот на Емир Скендери кој донесе голема радост за „лавовите“.