Тренерот на фудбалерите на Вест Хем, Мануел Пелегрини, вели дека неговиот тим бил оштетен на вчерашниот меч со Ливерпул кој заврши нерешено 1 спрема 1 и кој донесе неколку спорни моменти на теренот како и нервозни реакции на тренерот на гостите, Јирген Клоп.
По мечот, двајцата менаџери имаа жолчна расправија и си разменија по некој збор а аргентинскиот стратег не ја пропушти шансата да го потсети Германецот на натпреварот од 2013 година кога Борусија ја елиминираше Малага со гол од класичен офсајд.
„Вечерва дадоа гол од офсајд со кој поведоа. На крајот судијата не го подигна знаменцето при шансата на Ориги. Клоп е навикнат да победува со голови од офсајд. Се сеќавам дека пред неколку години ме победи кога бев во Малага со гол кој беше седум метри во офсајд“ – изјави Пелегрини.