Англискиот фудбалски состав, Вест Хем, ќе треба да одвои голема финансиска сума за да ги подмири сите обврски кон тренерот, Мануел Пелегрини, доколку се определи го отпушти, објавија денеска британските медиуми.
Според – „Тајмс”, износот на компензација утврден во договорот со специјалистот од Чиле е 15 милиони фунти. Вест Хем ги изгуби сите четири натпревари од почетокот на сезоната во Премиер Лигата и го зазема последното место.
Затоа се појавија и првите шпекулации дека клубот кој потроши голема сума за трансфери во текот на летото, веројатно набрзо ќе ја прекине соработката со Пелегрини.