Тренерот на фудбалерите на Вест Хем, Мануел Пелегрини, на прес-конференцијата пред денешната средба со Брајтон во рамките на Премиер лигата, потврди, дека Санчез ќе оди на операција и дека Хавиер Ернандез-Чичарито се вратил на тренинзите.
„Брајтон е силен тим, солиден. Имаат ист менаџер неколку сезони. Тоа е фактор кој не треба да се занемарува. Очекуваме тежок натпревар“ – вели Пелегрини.
Вест Хем по слабиот старт во сезонава успеа во последните три меча да освои 7 бодови и да се пробие на 14-то место на табелата.