Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, вели дека советите на тренерот, Жозе Мурињо, на полувремето на дуелот со Салернитана, практично ги однеле фудбалерите до нова победа во Серија „А“.
„Тој ни рече да го продолжиме интензитетот кој го имавме, да ја движиме топката брзо и да го бараме вистинскиот простор“ – вели Пелегрини по убедливата победа од 4-0.
„Мурињо ни посочи да гледаме само од натпревар за натпревар и тоа го правиме. Никогаш нема да зборуваме за наредниот меч“ – потенцираше фудбалерот на „римската волчица“.