Поранешниот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини, се осврна на период кој го помина во редовите на шпанскиот состав. Тој ги водеше „кралевите“ само една сезона по што заработи отказ од првиот човек на тимот, Флорентино Перез.
„Имав тензични разговори со водечките луѓе на Реал. Ми велеа дека одредени играчи мора да бидат на теренот без разлика на се, но, јас никогаш не потклекнав на тоа“ -изјави Пелегрини.
Искусниот тренер од неодамна се определи да се врати во Премиер лигата и тоа на кормилото на Вест Хем кој најави амбициозен проект.