Раководството на Вест Хем ќе се обиде да привлече дефанзивниот фудбалер на Њукасл, Џон Шелви, доколку успее во меѓувреме да го продаде Педро Обианг во италијанскиот тим Фиорентина, пишуваат медиумите во Велика Британија.
„Чеканите” преговараат со италијанскиот клуб кој најави дека е подготвен да даде 10 милиони фунти за да го ангажира репрезентативецот на Екваторијална Гвинеја.
Сепак, договорот засега го условува менаџерот на лондончани, Мануел Пелегрини, кој сака прво даобезбеди вистинска замена за Обианг па дури потоа да му се даде на играчот зелено светло за да си замине.