Чилеанскиот фудбалски стратег, Мануел Пелегрини, од наредната сезона ќе седи на клупата на шпанскиот состав Бетис откако во преговорите издејствувал договор за три години, објавија медиумите на Пиринеите. Веста денеска официјално ја потврди и клубот.
„Бетис потпиша со Мануел Пелегрини кој ќе го води тимот од наредната сезона. Договорот е со трајност до 30 јуни во 2023“ – стои во соопштението на тимот кој се натпреварува во Примера.
Ќе потсетиме дека Пелегрини долги години „плива“ во тренерските води а како најатрактивни состави во кои работел се издвојуваат: Реал Мадрид, Манчестер Сити и Ривер Плата.