Капитенот на фудбалскиотсостав Рома, Лоренцо Пелегрини, вели дека треба да се анализира тешкиот пораз од Фиорентина (5-1) и да се извлече поука за наредните мечеви.
„ Ако зборуваме за натпреварот, јас не гледам ништо позитивно, мораме да работиме многу“ – вели Пелегрини.
„ Сите ние треба да ги подобриме нашите перформанси. Мораме да признаеме дека сите бевме прилично лоши“ – потенцираше играчот на „римската волчица“.

