Инаки Пена, голманот на Барселона, кој настапува како позајмен во Галатасарај, доби пофалби од стратегот на шпанскиот состав, Чави Ернадес, откако вчера имаше неколку фантастични одбрани токму против Каталонците во Лига Европа.
„Во вториот дел бевме подобри но, противникот имаше одлична одбрана а голманот Инаки беше спектакуларен“ – изјави Чави по мечот.
Кој ќе патува во наредната фаза ќе се дознае по реваншот во Турција кој ќе биде одигран наредната недела.