Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, продолжува да приговара за збиениот распоред кој треба да го реализираат екипите во различни конкуренции за да ги завршат првенствата и европските-купови.
„Фудбалерите се луѓе а не роботи. Знам дека дел од нив се вознемирени што не играат на секој натпревар, но, едноставно тоа е невозможно. Доколку не ротирате со составот не можете да се натпреварувате во сите конкуренции„ – вели Гвардиола.
Англискиот тим утре ќе и биде домаќин на екипата на Борусија Дортмунд во првиот меч од четврт-финалето во Лигата на шампионите.

