Манчестер Сити има намера сериозно да го засили својот состав за време на претстојниот летен трансфер период, пренесува „Sport.es“.
Според истиот извор, раководство на англискиот клуб е подготвено да издвои околу 300 милиони фунти (скоро 330 милиони евра) за тренерот Пеп Гвардиола да може да купи квалитетни играчи.
Граѓаните сметаат дека позициите на централниот дефанзивец, крилен и напаѓач од средниот ред се приоритет за засилување. Јасно е дека Манчестер Сити сака да стекне двајца играчи на десната и централната одбрандбена позиција. Манчестер Сити е на второто место на табелата пред последното коло на англиската Премиер лига и ова агодина останаа без титулата во Англија, но надеж има уште за Лигата на шампионите.