Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не се откажува од борбата за титулата во Премиер Лигата.
„Граѓаните” дозволија изненадувачки пораз од 1:2 на гостувањето кај Њукасл и сега може да бидат на минус 7 бода зад Ливерпул, ако тимот од „Енфилд“ го добие натпреварот против Лестер кој се игра вечерва. Сепак, шпанскиот тренер не се откажува, бидејќи има уште многу натпревари до крајот на сезоната.
„Ако победи Ливерпул, разликата ќе стане поголема, но се уште е јануари, а не е април или мај. Се уште има многу натпревари за играње. Ние нема да се предадеме. Ќе биде потешко сега, но знаеме дека имаме шанса и мораме да ги добиваме нашите натпревари. Кога сте зад водечка екипа и сте во трка за првото место, немате право да губите поени“, вели Гвардиола.
„Ова не беше нашата најдобра игра. Направивме предност во првата минута, но сепак, во текот на играта, не можевме да го најдеме вистинскиот ритам за да ја наметнеме нашата игра. Брзиот гол не ни помогна. Кога нема да го добиете натпреварот не може да се биде задоволен од играта, им честитам на Њукасл за победата“, изјави Гвардиола по мечот со Њукасл.