Шпанскиот стратегна кормилото на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, синоќа постигна нов рекорд во Премиер лигата.
Со победата на гостувањето кај Астон Вила од 2:1, Пеп ја оствари 150-тата победа како тренер во англиската фудбалска елита. Тој синоќа стана тренер, кој најбрзо успеал да дојде до 150 победи во Премиер лигата, а за тоа му требаа само 204 натпревари.
Жозе Мурињо имаше 150 победи по 230 натпревари, додека Алекс Фергусон оваа бројка победи ја направи по 247 натпревари.

