Големото градско дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе биде во фокусот на англиската фудбалска јавност. С
редбата на „Етихад“ ќе стартува во 17.30 а тренерот на домаќините, Пеп Гвардиола, вели дека новинарите го прашуваат за напаѓачите само кога тимот нема да победи.
„Не можете да играте во Премиер лигата без напаѓач. Верувам дека работите ќе се променат во текот на летото. Сега не треба да зборуваме за тоа бидејќи не може ништо да се промени“ –потенцира тренерот на „граѓаните“.