Жоргињо од Наполи и Марез од Лестер се главните трансфер цели на Пеп Гвардиола за летниот трансфер пазар. Како што се шпекулира во англиските медиуми, пеп и неговите соработници веќе почнале со активност околу обезбедување добра позиција во преговорите за двајцата фудбалери.
Според пишувањата, раководството на „граѓаните“ е подготвено да извади околу 110 милиони фунти за ангажман на двајцата фудбалери, но останува да се види каква цена за нив ќе побараат нивните сегашни клубови.
Претпоставките велат дека цената на Жоргињо не би требала да биде поголема од 60 милиони евра, додека за алжирскиот голгетер Лестер ќе бара околу 70 милиони евра.