Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашната победа на пенали против Севилја во Супер Купот на УЕФА, нагласи дека противникот одиграл одличен меч.
„Севија ни создаде многу проблеми во првите 10 минути. Потоа влеговме во нашиот ритам и требаше да победиме во регуларниот дел“ – вели Гвардиола.
„Едерсон нè остави во живот, пред некој ден загубивме на пенали а сега се радуваме. Задоволен сум, освоивме уште еден трофеј“ – потенцираше стрaтегот на „граѓаните“.

