Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, проценува дека Кевин де Бруин не ги покажува вистинските квалитети во тековнава сезона иако репрезентативецот на Белгија е лидер по бројот на асистенции.
„Кевин може многу подобро. Разговаравме за тоа и тој самиот потврди. Свесен е дека не игра во најдобра форма“ – потенцира Гвардиола.
Во летото во 2015 година Де Бруин му се приклучи на Манчестер Сити за клупски рекорд од 54 милиони фунти.