Англиските медиуми пишуваат дека управата на фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе му одобри на тренерот, Пеп Гвардиола, големи 230 милиони евра за купување на нови играчи во текот на летниот трансфер период.
Шпанскиот тренер го планира Родри кој има трансферна цена од 70 милиони евра а во игра влегува и Хусен Ауар за кого може да бидат издвоени околу 25 милиони евра.
Во исто време медиумите шпекулираат дека „граѓаните“ ги имаат во план и Матијас де Лихт ( 80 милиони евра) и Лука Јовиќ кој е проценет на 60 милиони евра.