Бранителот на пехарот во Лигата на фудбалските шампиони, Манчестер Сити, доцна синоќа пристигна во Белград. Европскиот шампион утре ќе излезе на мегдан со Црвена Ѕвезда во последното коло во елитата на Европа.
Менаџерот, Пеп Гвардиола, се определи да им даде одмор на неколку стандардни првотимци бидејќи мечот нема никакво значење за англискиот состав кој продолжува во наредната фаза.
Шпанскиот тренер на средбата со новинарите рече дека нема да го користи правото за официјален тренинг и воедно го најави првиот состав. Во него се: Ортега, Луис, Стоунс, Аканџи, Гомез, Филипс, Нуњез, Боб, Фоден, Грилиш и Алварез.

