Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја продолжи соработката со „граѓаните“ до летото во 2025 година, потврди англсикиот состав на официјалниот веб-портал.
„Многу сум задоволен што останувам во Манчестер сити уште две години. Во клубот се чувствувам среќно и удобно. Сè уште имам чувство дека можеме повеќе да постигнеме заедно и затоа сакам да останам и да продолжам да се борам за трофеи“ – изјави Гвардиола за клупскиот сајт.
Шпанецот кој освои четири титули во Премиер лигата има 271 победа на 374 мечеви.