Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се осврна на вчерашното реми кај Лајпциг 1:1 во првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони.
„Некои мислеа дека ние ќе дојдеме тука и лесно ќе победиме со 4:0. Лајпциг е одличен, квалитетен тим. Ние одигравме четири мечеви за само десетина дена“ – потенцираше Пеп кој изненадувачки не направи ниту една замена на дуелот во Германија.
Реваншот меѓу „граѓаните“ и германскиот состав ќе биде одигран на „Етихад“ на 14 март.