Манчестер Сити со вчерашната победа против Њукасл направи голем чекор кон титулата во фудбалска Англија.
„Граѓаните“ сега имаа три бода предност во однос на директниот конкурент Ливерпул кој ден претходно одигра нерешено против Тотенхем. Стратегот на Сити, Гвардиола, имаше невообичаена изјава која ги налути фановите на „црвените“.
„Сите сакаат Ливерпул да биде шампион! Ливерпул е клуб кој има неверојатна историја во европските натпреварувања, но, не и во Премиер-лигата“ – рече Шпанецот. Ливерпул едниствената титула во последниве три децении ја освои во 2020 година.

