Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека неговиот тим вчера сосема заслужено го совлада Арсенал со 1-0 и замина во осмина-финалето од ФА Купот.
„Бевме подобри во второто полувреме. Тоа беше тежок и неизвесен натпревар. Видовме колку тие се добри. Не очекував тактика – човек на човек“ – потенцираше Шпанецот.
„Го победивме лидерот во Премиер и задоволен сум што одиме натаму“ – изјави Гвардиола.