Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не крие дека е задоволен по вчерашната победа против Бурнмаут со 3 спрема 1 во претпоследното коло во Премиер лигата.
Со тој триумф неговиот состав остана во конкуренција да обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона. За тоа да се случи, мора да се освои најмалку еден бод на мечот со Фулам.
„Во последното коло имаме силен противник. Одиме таму за победа, за бодот што ни е потребен за да играме во Лигата на шампионите“ – потенцираше Гвардиола.

