Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека не обрнува внимание на приказните дека неговиот состав до крајот на сезоната може да освои три титули.
„Граѓаните“ се лидери во Премиер лигата, остануваат во трката пехарот во Лигата на шампионите а по вчерашната победа кај Питерборо со 2-0 и во битката за победничкиот пехар во ФА Купот на Англија.
„Нема да паднам на таа приказна и да се занимавам со прогнози. Нас нè интересира само натпреварот кој доаѓа против Манчестер Јунајтед“ – вели Гвардиола кој не ја пропушти шансата да ги пофали Марез и Грилиш за постигнатите голови на вчерашниот меч со нисколигашот.