Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на последната средба со новинарите ги демантираше пишувањата на британските медиуми дека сака да го купи Килијан Мбапе за 200 милиони фунти.
„Информациите не само што не се точни туку се навредливи за ПСЖ и за нас како клуб. Сите знаеме како треба да течат преговорите. Мбапе навистина вреди многу но, ние немаме намера да платиме таква сума“ – потенцирал Гвардиола.
Шпанскиот стратег е уверен дека францускиот тим нема намера да се раздели со еден од најдбрите напаѓачи на денешницата.