Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека Бернардо Силва треба да остане во клубот иако се појавија шпекулации дека може да си замине од стадионот – „Етихад“.
„Секако дека би сакал Бернардо да остане но, искрено, не знам што ќе се случи“ – вели шпанскиот тренер на клупата на „граѓаните“.
„Го сакам најдоброто, сакам и Бернардо да остане, 100 проценти сакам“ – категорично нагласи менаџерот на Манчестер Сити.